Џенифер Лопез го откри своето „вистинско“ лице (ФОТО)
Утринско селфи вредно 2,5 милиони лајкови
Популарната Џенифер Лопез (52) ги воодушеви своите многубројни следбеници и обожаватели со утринското селфи што го објави на Инстаграм.
Имено, славната актерка и пејачка им посака добро утро на своите фанови со фотографија на која го покажа вистинското лице, во природно светло, без шминка.
Разбирливо, тие ѝ возвратија со голем број комплименти за сметка на младешкиот изглед и беспрекорниот тен и во шестата деценија на животот.
Фото: Инстаграм