Таа ни кучето не го шета како сиот нормален свет: Емили, дали ова значи дека треба да се шетаме по долна облека наоколу?

Нов тренд?

Дали е примерно да се излезе вака во јавност?

Емили Ратајковски била видена во Њујорк како го шета кучето. Тоа не би било ништо чудно, но манекенката излегла на улица во долна облека, преку која носела проѕирен црн фустан.

Под „фустанот“ јасно се исцртувал црниот градник од тантела и гаќичките во иста боја. Додека папараците неуморно штракале со апаратите, Емили безизразно го шетала кучето Колумбо.

Позната како некој што поставува модни трендови, Емили нé тера да се запрашаме: дали утре ќе одиме по продавници во долна облека?

Некои жени и денес ја сметаат оваа комбинација за непримерна дури и за во спалната соба, додека Емили со задоволство се шета низ улиците на Њујорк во фустан кој ништо не сокрива!

Емили Ратајковски е подготвена на сè заради Инстаграм (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.