СВЕТСКО, А НАШЕ: Се отвори новиот салон на Октај Сејди

Ново ултра модерно место за разубавување во срцето на градот

Во центарот на Скопје со нова локација се отвори долгоочекуваниот фризерски салон на познатиот стилист Октај Сејди, кој судејќи по ентериерот и самиот простор е засега најголем во неговата кариера.

Додека траеше приемот на гости, новиот салон беше чуван во строга тајност се до моментот кога Октај одлучи да ги отвори ширум вратите и да се запалат сите светла за присутните.

Настанот започна со мини шоу каде честа за модел на вечерта, Сејди ѝ ја предаде на прекрасната Ангелина Китановска. Со креирање на моментално најактуелната фризура, новиот салон официјално беше прогласен за отворен.

Музичката програма беше збогатена со виолинистот Глигорије Глигоров, потоа со прекрасните хитови отпеани од Лара Иванова и извонредниот диџеј Галоски кој забавата ја донесе до едно поинакво ниво.

Октај Сејди е професионален фризер и стилист на многу девојки, жени и дами, но и познати пејачки од домашната и балканската сцена. Изминатите четири години, многу задоволни клиентки поминаа низ неговите магични раце, што денес делата го потврдуваат тоа. Погледнете ја кратката животна приказна на Октај:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by O.S (@oktayseydi_hairartist)

Новиот салон на Октај Сејди се наоѓа на ул. Метрополит Теодосиј Гологанов бр.96 (позади игротеката Play).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.