СКАНДАЛ: „Ангелите“ сексуално злоставувани од страна на извршниот директор на „Викторијас сикрет“!

Шокантни тврдења за наводна токсичност во рамките на модниот гигант „Викторија сикрет“, вклучувајќи ги и обвиненијата против извршниот директор за наводно малтретирање на супермоделот Бела Хадид, но и на безброј други манекенки.

„Њујорк тајм“ објави напис во кој интервјуира повеќе од 30 сегашни и поранешни директори, вработени, изведувачи и модели кои работеле за модниот гигант „Викторија сикрет“, за нејзините културни практики. Поточно, написот го истакнува однесувањето на Ед Разек, кој беше извршен директор на брендот и го водеше познатото модно шоу на „Викторија сикрет“, кое компанијата го откажа минатата година.

Натписот го обвинува Разек (71) за наводно несоодветно однесување, вклучувајќи го и тоа што барал од моделите да му седнат во скут, се обидувал да ги бакне, вербално ги малтретирал и ја користел својата моќ за влијание врз нивните кариери во замена за задоволување на неговите лични потреби. За компанијата, конкретно за нејзиниот основач и главен извршен директор Лесли Векснер, се вели дека не сторила ништо за да го реши овој проблем.

Обвиненијата во ова известување се категорично невистинити, погрешно прикажани или изнесени од контекст. Имав среќа да работам со безброј модели од светска класа и професионалци и се гордеам со меѓусебната почит која ја имаме едни за други“, рекол Разек во мејлот што го пратил.

Во еден шокантен пример, четири сведоци рекле дека работеле со Бела Хадид во 2018 година за да се осигурат дека долната облека, за време на ревијата, ќе биде со стандардите на мрежното покривање. Тие рекле дека Разек седел и го гледал фитингот од каучот.

Соблечи ги гаѓичките“, рекол тој, наводно забележувајќи дека најголем проблем е дали телевизијата ќе ѝ дозволи да прошета „по пистата со тие совршени гради“, пренесува „Фокс њуз“.

На истиот фитинг, тој бил обвинет дека допирал друга манекенка меѓу нозете. А друг пример, сведочи дека Разек се обидел да бакнува 19-годишна манекенка, која, иако го одбила, тој продолжил да ѝ праќа мејлови и да бара од неа да се всели со него. Откако манекенката ја одбила понудата да вечера во неговиот дом, нејзиниот договор со компанијата не бил продолжен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.