Сите на нозе во домот на Јелена Томашевиќ, Иван не издржа и ги засука ракавите (ФОТО)

Сопруг што злато вреди

Фото: Милош Надаждин

Скоро и да нема човек кој не им се радува на родендените, особено кога на изненадувањата им нема крај. Во таква роденденска еуфорија се најде и Јелена Томашевиќ.

Популарната пејачка го прослави својот јубилеен 40-ти роденден во една од најпрепознатливите белградски кафеани. Јелена Томашевиќ не можеше да ги скрие емоциите особено кога требаше да ја дувне роденденската свеќичка на чоколадната торта. Особено беше горда на сопругот Иван Босиљчиќ, кој сам ја направил роденденската торта.

Иако забавата помина во кругот на блиските и пријателите, сепак Томашевиќ доби бројни роденденски честитки. Посебно се израдува на онаа од ќерката Нина.

Јелена истакна дека оваа година била предизвик за неа и нејзиното семејство, но дека заедно успеале да ги надминат сите предизвици. Покрај успешната кариера, оваа популарна пејачка е горда и на семејството кое ѝ дава сила и поддршка во се’ што прави.

Jelena Tomašević slavi rođendan

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.