Сите ги знаеме и ги гледавме по неколку пати епизодите, но дали знаете зошто Симпсонови се жолти?

Како им текна на тоа...

Просто неверојатно!

Хумористичната анимирана серија Симпсонови беше премиерно прикажана во 1989 година. Симпсонови освоија дури 34 Еми награди, а се сметаат и за една од најдолгите телевизиски серии на сите времиња.

Анимираната серија создадена од Мет Гронинг на сатиричен начин ги прикажува животите на едно просечно американско семејство, претставено од семејството Симпсон од измислениот град Спрингфилд. Покрај интересниот заплет, кој понекогаш успева да ја предвиди иднината, клучен аспект на серијата е препознатливиот дизајн на анимираните ликови, кои лесно се препознаваат по нивната жолта боја на кожата.

Симпсонови се издвојуваат поради жолтата боја
За време на интервјуто за Би-Би-Си во 2007 година, Гронинг откри зошто ја избрал жолтата боја во дизајнот на неговите ликови.

„Тие се жолти бидејќи при изборот на боите, не сакав да ги користам вообичаените бои од анимираните шоуа“, рече Гронинг, па продолжи: „Аниматорот дојде до мене и ми ја покажа жолтата боја и, штом ја видов, реков: „Ова е решението!“

Според Screen Rant, Гронинг за време на работењето на документарниот филм My Wasted Life изјавил дека бојата на ликовите има и симболично значење.

Жолтата боја „изгледа дека нешто не е во ред со вашиот телевизор“, што е „погодна за Симпсонови во симболична смисла“.

„Симпсонови се обидуваат да бидат нормални, но никогаш не успеваат; нивната абнормалност е она што ги прави толку смешни“, рече Гронинг.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.