Синовите ѝ ги малтретираат поради ГОЛИТЕ фотографии, но таа не попушта: Бритни отиде чекор подалеку и повторно ги стаписа со новата објава

Шоубизнис

Бритни Спирс повторно позираше целосно гола и ја објави фотографијата на Твитер со натпис кој ги згрози сите нејзини следбеници.

Бритни Спирс уште еднаш отиде чекор понатаму и повторно ги запрепасти сите фанови. Токму кога успеа да го отфрли старателството на нејзиниот татко и навидум да си го среди животот, поранешната поп принцеза продолжи со непријатни изненадувања.

Имено, Бритни вчера објави потполно гола слика на социјалната мрежа Твитер. Заедно со описот на фотографијата, таа стави и повеќе од вулгарен натпис: „Оваа недела имам премиера на филмот „Правниот акт на мојата п****!!!“.

Многу нејзини следбеници беа згрозени од ваквата експлицитна содржина, која ја сметаат за несоодветна за поранешната ѕвезда.

На фотографијата се гледа како Бритни лежи на кревет со рацете кои и ги покриваат градите. Под објавата почнаа да се појавуваат коментари на загрижените фанови кои беа згрозени од она што го видоа.

„Те молам застани“, „Ова е толку погрешно“, „И треба помош“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Имаше и такви кои ја бранеа пејачката и нејзиното право да објавува разголени видеа на социјалните мрежи ако сака.

„Сите вие ​​што мразите треба еднаш да престанете да мразите“, „Бритни е добро. Ако сака да покаже што и дал Бог, тоа е нејзина работа. Не ви се допаѓа? Неслушнете ја и блокирајте ја. Толку е едноставно“, се вели во еден коментар. .

Да потсетиме, Бритни не е првпат да објавува провокативни фотографии, поради што во одреден момент се огласија и нејзините синови, иако до сега не беа навикнати на тоа. Тие буквално јавно ја замолија мајката да не го прави тоа повеќе, па дури рекоа дека чувствувале дека некои работи биле подобри додека била под надзор, а ја немале видено со месеци.

Инаку, бројни извори потврдија дека нејзините синови се изложени на страшно насилство и потсмев на училиште поради однесувањето на Бритни и поради тоа не се појавиле на нејзината свадба со Сем, туку наместо пејачката да се вразуми и да побара помош, изгледа почнала на стариот начин.

Бритни одговори на неодамнешните критики на нејзиниот поранешен сопруг, кој истакна дека и Џејден и Шон се срамат од голотијата на нивната мајка, додека таа не гледа ништо лошо и дека „има полоши луѓе од неа“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.