Шакира „растури“ на доделувањето VMA награди: Дали ова е најдобрата одмазда на сите времиња?

Совршенство без мана!

На доделувањето VMA музички награди, Шакира доби големо признание за животно остварување, наградата „Мајкл Џексон“

Шакира апсолутно издоминирала на доделувањето МТВ видео музички награди за 2023 година, кога пред сите музичари извела десетминутна точка во која ја обединила сета своја повеќедецениска работа.

На црвениот килим се појавила облечена во златен фустан, со долга пуштена коса, додека ја придружувале синовите Саша и Милан. Пејачката ова признание го доби откако минатата година помина низ јавен развод од фудбалерот Жерар Пике.

Имено, кога открила дека сопругот ја изневерува, Шакира гневот го насочи кон креирањето, па создаде неверојатен албум кој уште повеќе ја зацврсти нејзината позиција на ѕвезденото музичко небо.

Погледнете како изгледал нејзиниот настап…

Шакира има нова љубов?! Пејачката во врска со еден од најпознатите рапери во светот! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.