Маќеа го завела 12-годишниот посинок и имала интимни односи со него: Ги разоткрила неговата мајка на шокантен начин!
Целиот случај завршил на суд
На маќеата ѝ се заканува драконска казна, а тврди дека го сакала како син
Во рускиот град Ростов, кон крајот на 2020. година избил голем скандал што како бомба одекнал во медиумите! Имено, мајка открила дека нејзиниот 12-годишен син е во врска со неговата маќеа!
Момчето било ученик во основно училиште, а неговите родители започнале нов живот по разводот. Мајка му повторно се омажила пред неколку години, а татко му започнал заеднички живот со извесна Наталија, со која исто така се оженил.
Синот живеел со мајка му, но останал во контакт со татко му и често го посетувал. Според руските медиуми, таткото и неговата нова партнерка често пиеле.
Таткото неретко заспивал од алкохолот, а жената останувала сама со посинокот. Една вечер, таа го завела момчето и започнала интимна врска со него која траела два месеца.
Наталија му испраќала прилично очигледно пораки на момчето. На пример, му пишувала дека многу го сака и дека ѝ недостасува. Една од пораките ја видела мајката на овој ученик во шесто одделение и веднаш пријавила во полиција.
По обвинувањата, маќеата тврдела дека го сакала момчето исклучиво како свој посинок. Сепак, против неа била покрената кривична постапка, а поради односот со малолетник, ѝ се закануваат 10 години затвор.
Коментарите се заклучени.