Северина Којиќ: Борбата за потомство ја „фрли“ во прегратките на православието
Пејачката ја смени верата?
Северина и Игор Којиќ веќе четри години се обидуваат да добијат заедничко дете. За жал, досега резултатите од постапката за вештачко оплодување не беа позитивни.
Според нивните блиски пријатели, популарната пејачка одлучила да побара помош и во православната вера, а постојано посетува цркви и манастири во Грција и Србија.
Таа е родена како католик, а покрај Игор подобро го запознава и православието. Постојано разговара со свештеници и монаси и се моли, а сите веруваат дека тргнала по овој пат поради желбата за потомство.
Таа неодамна беше во посета на манастирот Свети Нектариј Егински, на грчкиот остров Егина, каде што Грците, но и многу други православни христијани одат да се молат за потомство, а според сведоштвата, на многумина тоа и им успева.
Северина овие православни патувања често ги објавува и на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на Бога и на светците. Според нејзините обожаватели, ова е непобитен доказ дека таа веќе преминала во православното христијанство.
Фото: Инстаграм