Се знае кога ќе биде крунисан Чарлс III: Познати се деталите, а случајно или не, датумот е поврзан со раѓањето на синот на Меган и принцот Хари

Свет

Крунисувањето на Чарлс III ќе се одржи во сабота, 6 мај 2023 година, во Вестминстерската опатија, објави Бакингемската палата, пренесува Би-Би-Си.

Кралицата ќе биде покрај кралот и ќе биде крунисана на историска церемонија.

Кралот Чарлс стана монарх откако неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, почина во Балморал на 8 септември, а крунисувањето ќе ја одбележи симболичната прослава на неговото владеење.

Со многу славење и ритуал, кралот ќе биде прогласен за суверен и ќе ја носи круната тој ден.

Крунисувањето во 2023 година ќе биде првиот настан од ваков вид во речиси 70 години – последен беше крунисувањето на Елизабета Втора во јуни 1953 година – но и првиот што ќе се одржи во сабота, бидејќи во 1902 година кралот Едвард VII беше прогласен во шестиот ден во неделата.

Бакингемската палата посочи дека церемонијата ќе биде организирана во комбинација на античкото и модерното – нагласувајќи дека ќе биде „вкоренета во долгогодишната традиција“, но дека исто така „ќе ја одразува современата улога на монархот и ќе гледа накај иднината“.

Камила, сопругата на кралoт, ќе биде крунисана на слична, но поедноставна церемонија. Кралот Чарлс ќе има 74 години на церемонијата – што го прави најстариот крунисан нов монарх.

Случајно или не, датумот на крунисувањето е и датумот на раѓање на Меган Маркл и синот на принцот Хари, Арчи Харисон, кој следната година ќе го прослави четвртиот роденден.

Крунисувањата се одржуваат во Вестминстерската опатија во Лондон повеќе од 900 години, а средновековната црква е местото на церемонијата, која е мешавина од религиозна и уставна симболика.

Церемонијата во чест на Чарлс III ќе ја предводи надбискупот од Кентербери. За потсетување, крунисувањето на Елизабета Втора траеше речиси три часа, но кралските извори сугерираат дека настанот следната година ќе биде пократок, поразновиден и со многу помал број гости.

Се памети дека во 1953 година, во опатијата биле изградени привремени штандови, кои дозволувале 8.000 гости. Но сегашниот капацитет на опатијата е околу 2.200, што веројатно ќе биде граница на гости за следната година.

Чарлс имаше четири години кога неговата мајка беше крунисана и тој присуствуваше на историскиот настан.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.