Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон за важноста на менталното здравје: „Можете да живеете еден живот во една минута и нешто значајно да се случи во наредната“

По повод неодамнешниот Светски ден на менталното здравје.

Принцот и принцезата од Велс зборуваа за важноста на менталното здравје во специјално снимено шоу за Би-Би-Си радио.

Во еден момент од разговорот, кој беше презентација на нивните лични ставови за важноста на темите, принцот од Велс како да ја спомна смртта на својата мајка принцезата Дијана и неодамнешното влошување на односите со братот, принц Хари, пишува Дејли мејл.

Големите семејни мрежи и мрежите за поддршка околу луѓето се навистина важни, но многу луѓе не сфаќаат што им треба додека тоа навистина не им се случи. Можете да ги гоживеете животот и за една минута нешто значително да се смени и да сфатите дека немате способност или искуство да се справите со тоа, вели принцот Вилијам.

Кејт Мидлтон се надоврза на својот сопруг.

Нема правилно или погрешно, тоа е поентата. Различни работи ќе бидат различни за различни луѓе. Зборувањето за менталното здравје е толку важно и дефинитивно е првиот чекор за сите нас, да продолжиме да зборуваме, да ги водиме овие разговори и да бараме помош, советува принцезата.

Познато е дека Кејт се грижи за здравјето, вежбањето и исхраната и истакнува дека како што се грижиме за физичкото здравје, треба да се грижиме и за менталното здравје.

Тоа е една од пораките што се обидуваме да ги испратиме. Секој има ментално здравје, за кое треба да се грижиме како и за нашето физичко здравје… Одиме во теретана, но треба да се грижиме и да го негуваме и нашиот ум, заклучи Кејт.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.