Ким Кардашијан е исплашена?: Ангажирала обезбедување да го чува училиштето на децата, а за сè е виновен Канје!

Не ѝ е лесно

Фото: Getty Images

Познатата старлета не ризикува кога е во прашање безбедноста на нејзините деца.

Ријалити-ѕвездата неодамна ангажираше дополнително обезбедување за да го чува приватното училиште на нејзините деца, откако нејзиниот поранешен сопруг, Канје Вест, го откри името на училиштето на социјалните мрежи, објави ТМЗ.

Ким се загрижила откако Канје го соопштил името на школото во кое одат нивните деца.

Прават сè за да ги земат сите деца на познатите и да ги фрлат во исто училиште. Во моментов постигнавме компромис, но не сум завршил затоа што не правам компромиси, рекол раперот за сегашното училиште на неговите деца.

Ким и Канје имаат четири деца Норт (9), Сент (6), Чикаго (4) и Псалм (3), а шпекулациите за разделбата на популарниот пар започнаа минатата година, а на почетокот на оваа година и официјално се разведоа. Оттогаш Канје почна да споделува информации од нивниот приватен живот, што на Ким воопшто не ѝ се допадна, а гледаме дека тоа сè уште трае.

Неодамна и Клои Кардашиан го замоли Канје да не го користи нивното семејство за децата да растат подалеку од лошите настани.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.