Сите мислеа дека е Косачот на смртта: Конечно се реши мистеријата од церемонијата за крунисувањето на кралот Чарлс

Дознајте повеќе

Многумина се прашуваа кој е човекот што се појавил на церемонијата во плашт, а набрзо почнаа да се шегуваат дека станува збор за Косачот на смртта

Еден човек особено привлече внимание на крунисувањето на кралот Чарлс Трети минатата сабота, а станува збор за мажот облечен во црн плашт со качулка и со голем стап.

Изгледал страшно, како Косачот на смртта, додека минувал низ Вестминстерската опатија.

Многумина веднаш се запрашаа чија би можела да биде таа силуета во плашт, а набрзо почнаа да се шегуваат дека станува збор за Косачот на смртта.

https://twitter.com/AlertaNews24/status/1654999678230855681?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1654999678230855681%7Ctwgr%5E7bf6fc373f660dfdca7e65f761184894aea5d462%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F200683%2Fresena-misterija-sa-ceremonije-krunisanja-kralja-carlsa-iii

Но мистеријата е решена и, всушност, станува збор за црковен службеник, кој не му припаѓа на свештенството, но им помага за верските служби. Тоа го открила токму Вестминстерската опатија, откако ја контактирале медиумите.

Така ги отфрлиле морничавите теории дека Косачот на смртта се појавил на крунисувањето како непожелен гостин и сега се знае дека станувало збор за личност што помагала за време на крунисувањето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.