Непознато момче било крвнички убиено и ставено во кутија: Трагична приказна што ќе ви ја заледи крвта!

Трагите на неговото тело биле морничави

Мистеријата околу убиството на „момчето од кутијата“ и понатаму го интригира светот, а случајот останал нерешен

На гробиштата Ајви Хил во Сидарбрук, во Филаделфија, се наоѓа надгробна плоча на којашто пишува „Непознато дете од Америка“. Тоа е траен потсетник на детето кое лежи под неа, момчето што било пронајдено смртно претепано во кутија пред околу 65 години. Оттогаш е познато како „момчето во кутијата“.

Едно од најпознатите нерешени убиства во Филаделфија со назив „Момчето во кутијата“ со години ги збунува надлежните органи. Откако го пронашле во 1957, детективите неуспешно трагаат по вистината.

Но благодарение на анализите на генетскиот материјал, момчето во кутијата конечно добило име, а во 2022 година било идентификувано како четиригодишниот Џозеф Август Зарели.

Како го пронашле момчето во кутијата?

На 23. февруари 1957 година, студент од колеџот Ла Сал првпат го забележал момчето во кутијата. Шетајќи се во околината, студентот забележал чудна кутија, фрлена во коров. Иако ја видел главата на момчето, студентот мислел дека е кукла и си продолжил по својот пат. Кога слушнал за исчезната девојка од Њу Џерси, се вратил на истото место на 25 февруари, го пронашол телото и се јавил во полиција.

Полицијата на истото место го нашла телото на момчето на возраст меѓу четири и шест години, во кутија во којашто некогаш имало количка. Било голо и завиткано во ќебе, а детективите утврдиле дека било неухрането и смртно претепано.

Во текот на наредните шест децении, детективите трагале по илјадници траги за да го идентификуваат момчето во кутијата. И почнале од самото момче. Истрагата на неговото тело открила дека неговата коса била неодамна грубо потстрижана – сè уште имало парчиња коса на неговото тело – што довело до верувањето дека неговиот убиец се обидел да го скрие неговиот идентитет.

Истражувачите исто така нашле лузни на неговиот зглоб, стапалото и препоните, кои изгледале како да се хируршки, а стапалото и десната рака му биле сини, што сугерира дека бил во вода.

И покрај овие траги, реконструкцијата на лицето и стотиците илјади летоци што биле поделени ширум Пенсилванија, идентитетот на момчето останал непознат. Многумина сугерирале дека детето било унгарски бегалец, жртва на киднапирање во 1955 година, па дури и било поврзувано со локалните карневалски работници.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.