Не постои покремлив колач од овој: Се топи в уста, а готов е за 20 минути!
Рецепт за најкремливиот колач
Ви откриваме рецепт за најкремливиот колач кој се приготвува за помалку од 20 минути
Состојки:
- 10 белки
- 250 г шеќер
- 300 г ореви или печени лешници
- 3 лажици брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
За филот:
- 10 жолчки
- 220 г шеќер
- 3 пудинга од ванила
- 1 лажица густин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 л млеко
- 270 г маргарин
- 100 г чоколадо за готвење
Дополнително:
- 200 г чоколадо за глазура
Приготвување:
Изматете ги белките во цврст шлаг, додајте шеќер, па матете додека добиете густа и мазна смеса. Додајте брашно помешано со прашок за печиво, па на крајот полека додавајте мелени ореви или лешници.
Префрлете ја смесата во плех со димензии 20х30, обложен со хартија за печење, печете ја на 150 степени околу 40 минути, зависно од рерната. Оладената кора пресечете ја на два дела.
Од литарот млеко издвојте онолку колку што е потребно за да изматите шеќер, пудинг, жолчки и густин и за да добиете мазна смеса. Преостанатото млеко ставете го да се вари, а кога ќе зоврие, додајте ја смесата од пудинг и загревајте неколку минути со постојано мешање, додека се згусне.
Оставете го филот да се олади, покриен со проѕирна фолија. Во оладениот фил додајте изматен маргарин. Поделете го филот на два дела, а во едниот додајте стопено чоколадо.
На чинија ставете кора, прелејте ја со малку чоколадно млеко, па нанесете жолт фил, врз него распоредете темен фил, па поклопете со другиот дел од кората.
Кората премачкајте ја со приготвената глазура.
Коментарите се заклучени.