Се зборува дека брачните проблеми ја натерале принцезата да ја избричи главата: Не може да се побегне од минатото!

Драма!

Старите проблеми повторно застанале помеѓу сопружниците

Се шушка дека принцот Алберт од Монако го чека ново судење и ДНК-тестирање на татковство. Имено, иако Алберт веќе издржува две вонбрачни деца, третиот случај се влече по судовите уште од 2005 година.

Тоа е стар проблем помеѓу принцот Алберт и неговата сопруга, принцезата Шарлин.

Кратко пред нивната венчавка, се појавила млада бразилска убавица која тврдела дека поминала неколку страсни ноќи со Алберт и дека му родила дете. Принцезата Шарлин тоа го доживеала трагично, бидејќи тоа значело дека Алберт ја изневерувал додека биле во врска. Странските медиуми тој период пишувале дека Шарлин дури и се обидувала да побегне од венчавката, но луѓе блиски на Алберт ја спречиле во тоа.

Но било поминало, изгледа дека Шарлин и Алберт успеале да ја надминат кризата и да се венчаат, а потоа и да добијат близнаци.

По шест години, „валканиот веш“ повторно излегол на виделина. 2020 година била пеколна за нив, со оглед на тоа што принц Алберт уште во март бил заразен од коронавирус и сѐ уште нема сосема оздравено, а сега ги чека и емотивна драма со судењето и докажувањето татковство.

Се шушка дека тоа ја поттикнало емотивната Шарлин да избричи половина од главата и на свечените настани да се појави со панкерска фризура.

Во навидум смирена атмосфера, во средата принцезата Шарлин им делела божиќни пакетчиња на децата, а очите ѝ биле црвени и полни со солзи.

Сите се прашуваат дали брачниот пар ќе успее да излезе без последици и од овој инцидент?

Никому не му се допаѓа новата фризура на принцезата Шарлин од Монако: Изгледа бизарно и непримерно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.