Тештата на Вил Смит има 67 години и неверојатно тело: Ова е нејзината тајна! (ВИДЕО)
Неверојатно
Нејзините тренинзи воопшто не се наивни!
Одамна ја знаеме Џејда Пинкет Смит (49), актерка и сопруга на Вил Смит, и имаме утврдено дека е вонсериска убавица! Во својата фејсбук-серија Red Table Talk, во една пригода открила дека била зависна од секс и од вежбање. А изгледа дека љубовта кон спортот ја наследила од својата мајка Адриен Норис, која има 67 години и е во топ-форма.
Пред неколку дена, Адриен објавила селфи на кое јасно се гледаат нејзините челични стомачни мускули.
View this post on Instagram
Ни коронавирусот не ја спречил интензивно да тренира, па иако долго време не отишла во вежбалница, не престанала, туку продолжила да тренира и дома.
View this post on Instagram
Нејзините тренинзи воопшто не се наивни, за што сведочат бројни видеа на социјалните мрежи. Додека во вежбалница користи различни справи, дома вежба со тегчиња.
„Би дала сѐ за да изгледам како тебе на 67 години“, е само еден од многубројните коментари на нејзината фотографија, на која се гледаат нејзините фантастични стомачни мускули.
View this post on Instagram
А кога ќе ги погледнете и преостанатите фотографии, очигледно е дека Адриен изгледа многу помладо од нејзините години!