Се разведе од жена му за 16 години помлада девојка, па ја откачи и неа: Сега холивудскиот заводник се разголи на плажа!

Сајмон Бејкер

Актерот Сајмон Бејкер уловен на плажите во Австралија!

Австралискиот актер Сајмон Бејкер (52), најпознат по улогата во серијата „Менталист“, бил фотографиран на плажа во својата родна земја.

Еден од најпознатите австралиски актер го поминал денот уживајќи и трчкајќи на брегот.

Иако има 52 години, актерот и понатаму ја одржува формата.

Актерот беше во центарот на медиумското внимание во јануари 2021 година, откако го прекина 22-годишниот брак со колешката Ребека Риг (54), со која има три деца, ќерка Стела и синови Клаудео и Хари.

„Ќе останеме блиски пријатели и нашите три деца ќе продолжат да бидат нашиот фокус“, изјавиле тогаш за магазинот „Пипл“, но според „Фокс Њуз“, тие всушност се разделиле девет месеци претходно, во 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Baker (@snappytoes)


Актерот во 2018 година изјавил дека тој и Ребека никогаш не славеле годишнина од брак.

Сајмон и Ребека се запознале на почетокот на 1990-тите години, а се венчале во 1998 година по пет години заеднички живот.

Само еден месец по разводот, актерот бил виден во друштво на мистериозна бринета, како си разменуваат нежности. Неколку месеца подоцна станало јасно дека тоа била модната дизајнерка Лаура Меј Гибс (36), кога актерот ја потврдил врската.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


Меѓутоа, таа романса на траела долго, поради малку бизарна причина.

Кружеле приказни дека актерот ја оставил, бидејќи таа учествувала во протести против вакцинација против коронавирус, но дизајнерката ги демантирала овие тврдења.

Вистинската причина за раскинувањето не е објавена во јавност, а двојката последен пат била фотографирана во август 2021 година.

Холивудскиот заводник уловен со новата партнерка: Еве поради која бринета ја остави сопругата по 29 години брак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.