Секој хороскопски знак има една лоша карактерна особина: OВА е вашата!

Некои се свесни, а некои не...

Овен – Себичен

Овенот нема да направи компромис кога станува збор за своите желби, дури и на кратко или само привремено. Си резервирал одмор, а некој близок е во неволја? Бидете сигурни дека Овенот нема да го откаже одморот и ќе појде на патување без најмала грижа на совест.

Бик – Никогаш не вели „прости ми“

Како еден од најтврдоглавите знаци во зодијакот, Бикот мисли дека секогаш е во право. Можеби вашиот аргумент се заснова на логика, наука или здрав разум, тоа за Бикот не прави никаква разлика. Тие нема да си ја признаат грешката и да кажат едно едноставно „извини“.

Близнаци – Ја испревртуваат вистината

Иако имаат особен дар за комуникација, понекогаш ја користат оваа добра особина за злобни цели. Близнаците се талентирани да ги бранат двете страни од аргументот и лесно може да ја испревртат вистината, бидејќи се жедни за хаос и драма. Само дајте им телефон и малку време, нивната фантазија ќе проработи.

Рак – Емоционален манипулатор

Раковите се многу емоционално интелигентни луѓе, па кога ќе намислат да направат нешто лошо, тоа им поаѓа лесно од рака. Тие точно знаат која е вашата слаба точка и може да ве држат како „заложник“ во своите раце, како да сте најобична кукла, а конците ги влечат тие. Крајната цел на ова токсично однесување е Ракот да го добие вниманието, но и сигурноста по која копнее.

Лав – Малигно нарцисоиден

Да, има и такво нешто како претерана љубов кон себеси, а Лавот е најдобар претставник за ова. Тој има несопирлива жед за внимание и признание. Сака да биде во центарот на сите случувања, секаде. За нив среќата е еден вид на игра во која тие мора да се секогаш победници.

Девица – Суров перфекционист

Бидејќи се одликува со остар и аналитичен ум, Девицата не може да сфати како некој не ги гледа работите кои се толку очигледни (барем за неа). Постојано изнаоѓа маани и несовршености, што може да поколеба дури и некој што е сигурен во себе.

Покрај перфекционизмот, Девиците се генерално начитани и со богат речник, па точно знаат каде и како „да го удрат ножот“.

Терезија – Ги соочува луѓето едни со други

Нивната планета е Венера, а тоа значи дека Вагата не сака да си ги валка рацете. Таа нема време за т.н. микро агресија, па ги соочува пријателите едни со други, наместо да си работат зад грб. Сепак, во својата глава се замислува дека е судија, посовршена од сите останати, полна е предрасуди и потајно се сити на ваквите отворени конфликти.

Скорпија – Проблем со довербата

Доколку има можност, Скорпијата ќе го отвори вашиот мејл, ќе ви чепка по телефонот, ќе ѕирка во вашите белешки, ќе сака да дознае тајни детали од вашиот живот… но, во моментот кога ќе ѝ направите нешто слично на неа, таа го прогласува чинот за предавство и ве додава на „црната“ листа.

Стрелец – Натпреварувачки настроен

Многумина ќе се изненадат, ама една од најтоксичните особини кај Стрелецот е натпреварувањето. Ќе одите на магистерски студии? Стрелецот веќе спрема докторат. Сте напишале расказ? Стрелецот пишува роман. Сте си купиле велосипед? Стрелецот вози скап автомобил. Сакаат да се споредуваат, да се натпреваруваат и не чувствуваат вина поради тоа.

Јарец – Експлоататор

Овој знак сака да се искачува на општествената скала и да биде на врвот. Притоа, не му е битно кого ќе искористи. Кога склопува пријателства секогаш сака да има некаква корист од нив.

Понекогаш мислите дека Јарецот ви е близок, но немој да се изненадите доколку испадне дека само ве залажувал и вешто ве манипулирал. Тие се хранат од моќ и не прават компромиси за да останат на врвот.

Водолија – Недостаток на емпатија

Овој знак може да стане ледено студен доколку некој им е неинтересен или неинспиративен. Тие се интелектуално супериорни и сакаат да си го стимулираат мозокот со интересни работи. Не сакаат површни разговори и плитки луѓе. Тие, исто така, секогаш активно размислуваат за иднината, па навистина немаат време за некој што постојано „кука“ околу минатото.

Риби – Притаени нарциси

За разлика од Лавот кој е прилично отворен, Рибите се обидуваат да ја скријат својата нарцисоидност. Постојано глумат несфатени и жртви, па спремни се да пуштат солза без никаква подготовка само за да предизвикаат ефект кај публиката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.