Холивудскиот заводник уловен со новата партнерка: Еве поради која бринета ја остави сопругата по 29 години брак!

Сајмон Бејкер

Ѕвездата од серијата The Mentalist и Heartbreak High има нова девојка по распадот на бракот

Австралискиот актер Сајмон Бејкер (51) бил забележан во друштво на мистериозна бринета, а дека не станува збор само за пријателство, сведочат нивните најновите фотографии на кои си разменуваат нежности на плажата Бајрон Беј во Австралија.

Сите се прашуваат која е дамата што го освоила срцето на актерот.

Станува збор за 36-годишната Лаура Меј Гибс, косопственичка на спортски бренд за облека и голема обожавателка на јога и здрав начин на живот, како и голема противничка на какви било естетски операции и зафати.

Сајмон и Лаура се запознале токму во Бајрон Беј, каде што се наоѓа нејзиното модно студио, и тоа во близина на неговата фарма.

Миленикот на жените и неговата сопруга Ребека ја шокираа јавноста со веста за развод по долг и хармоничен брак, иако на почетокот не се знаеше дека им пресудила трета личност.

„Остануваме блиски пријатели и нашите три деца ќе ни останат приоритет“, изјавиле неодамна за магазинот „Пипл“.

Одредени медиуми пишуваат дека тие се разделиле уште во април минатата година, а пред неколку недели, Сајмон ја ставил на продажба нивната семејна куќа во Санта Моника во Калифорнија по цена од 6,3 милиони долари.

Бејкер и Риг се запознале во раните 1990-ти години на снимањето на сапуница во родната Австралија. Се венчале во 1998 година по пет години заеднички живот. Заедно имаат три деца: Стела (27), Клод (22) и Хари (19).

Ребека, исто како и нејзиниот поранешен сопруг, се занимава со глума, најпозната е по улогата во филмот Fatty Finn and Ellie Parker, а имала и помала улога во филмот Jerry Maguire со Том Круз.

Ниту еден скандал го нема одбележано нивниот брак, а многумина коментираа дека тој изгледа многу помладо од сега веќе поранешната сопруга, иако таа е само една година постара од него.

Важеа за најсладок пар: Се прославија во култна тинејџерска серија, а денес едвај можеме да ги препознаеме!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More