Се појави досега невидена фотографија од Здравко Чолиќ: ПЕЈАЧОТ КОГА БИЛ ВОЈНИК ИЗГЛЕДАЛ ВАКА (ФОТО)

Еден од најголемите фраери во бивша Југославија

Мајката на Здравко Чолиќ, госпоѓа Стана почина во 2009 година, а пејачот призна дека тоа му бил најтешкиот период во животот.

Здравко Чолиќ беше еден од најпопуларните и најпосакуваните пејачи на поранешна Југославија, а од самиот почеток на својата музичка кариера се трудеше да го зачува својот приватен живот и да го сокрие од очите на јавноста. Сепак во неколку наврати јавно проговори за своите родители.

Мајката на Здравко, Стана, почина во 2009 година, а пејачот призна дека тоа му бил најтешкиот период во животот. Една година подоцна починал и татко му, Владо.

Сега на Инстаграм се појави фотографија од Чола и неговите родители, која е направена во Сараево, во времето кога пејачот се вратил од војска.

Верните фанови речиси никогаш не го виделе Здравко со родителите, па оваа фотографија предизвика длабоки емоции, најубави спомени од некои други времиња и предизвика лавина од коментари.

Кога се родив, татко ми сакаше неговиот син да биде здрав и го избра името Здравко. Кога се роди брат ми, татко ми сакаше да го викаат Југослав, по земјата, бидејќи беше офицер. Се бунев велејќи дека секогаш ќе го викам Драган. Имаше среќа што победи моето име. Моите родители направија сè за да нè изведат мене и брат ми на вистинскиот пат и ни го дадоа најдоброто на двајцата. Татко ми ми го купи првиот грамофон, првата гитара… Сето тоа од една плата, бидејќи мајка ми беше домаќинка – откри Здравко во една пригода.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dejanbegovic (@dejanbegovic)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.