Само една жена од кралското семејство не се појавила на погребот: Еве зошто не ѝ оддала почест на Елизабета Втора!

Кралско семејство

Децата на кралицата Елизабета им се придружиле на нивните најблиски во чест на британскиот монарх со најдолг стаж. Меѓутоа, имало една кралска личност што не била присутна на настанот

Испраќањето на Елизабета Втора веќе важи за погреб на векот. Целиот свет се собра во Лондон за да му оддаде почест на познатиот британски монарх.

Можевме да ги видиме шефовите на сите држави, триесеттина кралски семејства, како и најблиските, кои се собрале на последното испраќање на нејзиниот величество.

Меѓутоа, една личност не се појавила – Катарина, војвотката од Кент. Таа му е сопруга на принцот Едвард, синот на кралицата Елизабета Втора.

Додека нејзиниот сопруг бил присутен, оваа 89-годишна војвотка се повлекла од кралските должности и оттогаш многу малку се појавува во јавност. Нејзиното последно појавување било во 2019 година.

Вистинската причина за тоа е непозната иако медиумите пишуваат дека имала здравствени проблеми.

Катарина Луси Мери Ворсли е четвртото дете и единствената ќерка на сер Вилијам Ворсли и неговата сопруга Џојс Морган Брунер. Го запознала војводата од Кент кога имала 24 години додека Едвард живеел во кампот Кетерик, англиската воена база.

Двојката се венчала во 1961 година и имаат три деца, лордот Николас, Хелен Тејлор и Џорџ, грофот од Сент Ендруз, и имаат дури десет внуци.

Катарина 13 години работела како наставничка во музичко и основно училиште.

„Бев позната само како госпоѓата Кенше. Само директорот знаеше која сум навистина. Родителите не знаеја, ниту учениците. Никој не забележа, бидејќи никаде не се појавував“, изјавила војвотката.

Кралицата Елизабета Втора погребана заедно со нејзиниот покоен сопруг!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.