Сѐ што ни треба е љубов – 13 годишниот Јаков ни одржа лекција за љубов кон планинарењето

Планинарите на врвот Пелистер го развиорија и платното со убави желби и пораки

Импресионирани од неговата упорност “Божиновски часовници и накит” на младиот херој му врачи часовник

Како дел од својата платформа “Сѐ што ни треба е љубов” годинава “Божиновски часовници и накит” ја поддржа тринаесеттата експедиција “Први на први” која секоја година организира подвиг, првото изгрејсонце во годината да го дочекаат на врвот Пелистер.

 

И можеби тринаесетката не беше најсреќна бројка и планинарите годинава на Пелистер ги дочека со силна олуја, но симболично 13 годишниот Јаков Мицевски, најмладиот член на експедицијата ни одржа лекција на сите дека годините се само бројка кога со вистинска и неизмерна љубов ги правиме работите кои не исполнуваат.

 

Импресионирани од неговата упорност “Божиновски часовници и накит” на младиот херој му врачи часовник, со кој се надеваме дека и во иднина ќе продолжи да ги брои своите идни подвизи на кои сите ќе се радуваме заеднички.

Планинарите на врвот Пелистер го развиорија и платното со убави желби и пораки кои во последните денови од 2023 битолчани ги испишуваа во градскиот парк и на тој начин заеднички ја пренесовме пораката дека Сѐ што ни треба е љубов. Прекрасен старт на новата година. Погледнете ја фотогалеријата од подгвиот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.