Рики Мартин и неговиот сопруг го очекуваат четвртото дете

Некогашниот латино-заводник обожава големо семејство

Рики Мартин (47)  објави дека со сопругот Џван Џозеф (35) го очекува четвртото дете.

Пејачот ги откри убавите вести на свечената вечера во Вашингтон, додека зборуваше во кампањата посветена на човековиоте права, пренесува магазинот „Пипл“.

Додека ја примаше наградата за застапувањето на правата на ЛГТБО, му се заблагодари на своето семејство: на сопругот и 11-годишните близнаци Матео и Валентино.

Ве сакам со цело срце, ме инспирирате секој ден, вие сте мојата сила. Ме мотивирате да продолжам со ова. Прекрасни сте“, изјави пејачот, поздравивајќи ја и својата 8-месечна ќеркичка Луција:

Таа е светлината на мојот живот. Патем, да додадам трудни сме! Чекаме бебе! Обожавам големо семејство“, откри Рики Мартин.

Потсетуваме, преку сурогат-мајка, Рики пред 11 години ги доби споменатите близнаци.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.