Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон повеќе нема да се појавуваат заедно на официјалните настани

Разделба на кралската двојка

Војводата и војвотката од Кембриџ наводно одлучиле да се разделат поради големиот товар и притисок што го чувствуваат по напуштањето на кралските должности на принцот Хари и Меган Маркл.

Имено, според пишувањата на New Idea, експертот за кралското семејство, Фил Дампиер, изјавил дека Кејт и Вилијам, заради заминувањето на Меган и Хари, добиле повеќе одговорности од вообичаеното, и кои, за да направат сè да биде добро, биле приморани меѓусебно да ги поделат обврските.

Па така, се очекува дека во иднина кралската двојка да се појавува поретко заедно на официјалните настани, а многу почесто одделно.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.