Повторно заедно: Принцот Хари пристигна во Ванкувер кај Меган Маркл и Арчи

Оди каде што срцето го води!

Војводата и војвотката Сасекс длабоко ја потресоа британската, но и светската јавност, со одлуката да се повлечат од кралските должности и да го продолжат животот надвор од Велика Британија.

Принцот Хари утринава пристигна во Ванкувер, Канада, каде што го чекаат сопругата Меган Маркл и нивниот 8-месечен син Арчи. Претходно, Хари имаше средба со кралицата Елизабета II и високите членови од кралското семејство на која беше договорено тој и Меган да го напуштат кралското семејство и да започнат нов живот без кралските обврски и финансиска зависност.

Фото: „Телеграф“

Тие официјално напролет веќе нема да бидат кралски членови. Веќе нема да ги користат своите титули, ниту ќе имаат кралски обврски, како и воени служби. Со други зборови, Хари и Меган нема да ја претставуваат кралицата.

Принцот вчера присуствуваше на Инвестицискиот самит Африка-Велика Британија, што веројатно беше еден од неговите последни кралски ангажмани. Тој во неделата соопшти дека одлуката не била лесна, но дека немале избор (Повеќе информации можете да прочитате ТУКА!)

Пред доаѓањето на Хари, Меган Маркл беше снимена во Ванкувер како со синот Арчи ги шета нивните две кучиња, следени од обезбедувањето. Тие престојуваат во вила од 10 милиони фунти на островот Ванкувер, што ја користат од Денот на благодарноста минатата година.

Фото: Splash News
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.