Поранешна стјуардеса открила како се однесуваат славните личности во авион: Ким оди боса во тоалет, а ОВАА манекенка ѝ го кренала притисокот!

Дознајте повеќе

Оваа стјуардеса одлучила да ја промени кариерата по пандемијата на ковид-19 и сега живее на Хаваите, но сè уште ги памти некои од средбите со познатите

Поранешна стјуардеса од компанијата Delta Air Lines се потсетила на највпечатливите средби со славните за време на нејзината шестгодишна работа „на небо“ и ги оценила според нивното однесување за време на летото.

Кет Камалани (32) одлучила да ја промени кариерата по избивањето на пандемијата на ковид-19 и сега живее на Хаваите, а нејзините видеа на ТикТок ги следат повеќе од 960.000 луѓе.

@katkamalani Rating celebs I’ve met. #flightattendants #celebrities #fyp #flightattendantlife #kkw #celebrity ♬ original sound – Kat Kamalani

Раскажала дека внимавала на Ким Кардашијан на лет од Лос Анџелес до Њујорк, која била толку слатка што не ѝ замерила ни поради тоа што отишла до тоалет без обувки. Ѝ дала оценка 10 од 10.

Поранешната манекенка на „Викторија Сикрет“, Роузи Хантингтон-Вајтли, не зазела високо место на листата на Кет поради нејзините пребирливи навики за јадење и пиење за време на 7-часовниот лет.

„Леташе од Њујорк до Лондон. Мириса неверојатно и изгледа фотошопирано и во реалниот живот. Но таа ништо не јадеше ниту пиеше од авионот. Само купи изворска вода“, раскажала Кет.

Британската убавица добила оценка 8 од 10.

Актерката Елизабет Беркли ја опишала како „проклето слатка“.

„Беше малку лудо со неа, нејзиното дете и дадилката, но беше многу љубезна… како ангел.“

Додека обожавателите на мешовити боречки вештини би биле возбудени поради еден нејзин патник, Кет се присетила дека немала поим кој е првакот на УФЦ Конор Мекгрегор. Морала да му се јави на сопругот за да го праша кој е тој, а кога го запознала, не ѝ се допаднал премногу, бидејќи не му се обраќал никому од посадата, па му дала 7 од 10 бодови.

Стјуардеса го открива вистинското лице на познатите: Кој е ку*ка, кој арогантен, а кој љубезен и фин…
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.