Пејачот Благоја Грујовски: „Едвај спасив жива глава, имав халуцинации, мислев тука е крајот!“

Поминал низ пеколот

Популарниот фолк-пејач Благоја Грујовски на почетокот на својата кариера работеше како новинар во македонското радио, но подоцна пресече, па се определи дека музиката е неговата најголема љубов и ќе му биде професија.

Отпеа безброј хитови и тоа најмногу на фолк фестивалите „Цветници“ и „Валандово“.

Во една прилика кажа дека татко му сакал да биде музичар а мајка му интелектуалец а не тезгар, па им ја исполнил желбата и на двајцата.

Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.

Годинава Грујовски едвај спасил глава од Ковид 19, апериодот кога се соочил со ова зло го опишува вака

Имав халуцинации. Пред мене беше една црна тврдина и снежна виулица. Мислев дека едниот сака да излезе од мене. Не знам како да објаснам. Првпат како да осетив дека сме двајца.  Ми велеа халуцинирам“, раскажува тој за порталот „Репортер.мк“.

Заздравувањето било тешко, но тука била сопругата Ирена која морал потоа тој да ја лекува од стресот. Фала му на Бога вели, сега е се во ред.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.