Дознајте, за што најчесто лажат мажите!

Октриваме

Ако прашате маж за тоа кој лаже повеќе, без двоумење ќе каже дека жените лажат повеќе и дека го прават тоа на попрофесионален начин. А обратно, кога ќе запрашате жена за истото, ќе добиете одговор дека ретки се мажите кои не лажат.

Мажите лажат кога вистината не е доволно добра за да ја импресионираат жената

Мажите ја ценат својата гордост и тоа многу. Тие сакаат да бидат вечни херои и нивната партнерка да се гордее со нив. Во својот обид да ги импресионираат жените, мажите ја преувеличуваат и искривуваат вистината, а понекогаш и скратуваат некои „детали“. Жените лесно можат да насетат лаги од овој тип и ги оставаат мажите да си го нахранат своето его. Доколку ретко слушате вакви лаги, тоа не може да ѝ наштети на вашата врска.

Мажите лажат за да направат жените да се чувствуваат подобро

Повеќето од жените не се задоволни од својот изглед, па мажите се чувствуваат одговорни да ја зголемуваат самодовербата на жените со мали бели лаги и комплименти. Нема ништо лошо во малите лаги како „изгледаш прекрасно, како и секогаш“. Дури и кога жените знаат дека тоа е лага, сакаат да ја слушнат и со задоволство ја прифаќаат како вистина.

Проблем се јавува кога мажот започнува да го кажува само она што знае дека неговата партнерка сака да го слушне. За да го избегнете тоа, понекогаш барајте искрено и отворено да ви биде кажана вистината.

Мажите лажат за да добијат нешто!

Ех, ова никој не мораше да ви го каже. Ретки се тие кои што лажат за забава. Најчесто преку лагата луѓето се обидуваат да добијат нешто. Дали поради филмовите или поради нешто друго, мажите сметаат дека преку многу комплименти можат лесно да освојат нечие женско срце и дури да изнудат секс. Па, затоа ќе направат сè што е во нивна моќ и ќе кажат колку што треба лаги, без да се замислат дали тоа е во ред или не.

Лошата вест е што во повеќето случаи оваа „тактика“ им успева, па очигледно немаат намера да се откажат од неа.

Мажите лажат за да избегнат конфликт

Мажите мразат кога се во конфликт со својата партнерка. Толку ги мразат расправиите, што ќе дадат сè од себе само за да ги избегнат, а најдобриот начин да го направат тоа е преку лажењето. Понекогаш лажат дека се согласуваат со својата партнерка, иако тоа не е така, понекогаш лажат дека не направиле нешто што знаат дека ќе доведе до војна, понекогаш лажат за да се оправдаат.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.