ПАПАРАЦИ: Бред Пит снимен како маскиран излегува од болница во инвалидска количка (ФОТО)

Шок за обожавателите на славниот актер

Бред Пит и овој пат не успеа да им се скрие на папараците, кои успеаја во средата да го снимат популарниот актер на излегување од медицинскиот центар во Беверли Хилс, и тоа во инвалидска количка, откако претходно бил на стоматолог.

На фотографиите што ги објави Page Six, 57-годишниот холивудски шармер е целосно маскиран – облечен е во црн дуксер со качулка, носи заштитна маска на лицето и огромни очила, а придружуван од страна на својот телохранител. Текстот продолжува по огласот…

brad-pitt-leaves-the-dentist-in-a-wheelchair-159.jpg

Иако не се знае точно каква процедура имал Бред Пит, сепак е јасно дека морал да биде испратен од болницата во количка, поради веќе утврдената политика во медицинските центри во САД, која се користи за да се избегне каква било повреда кај пациентите при напуштање на болниците.

brad-pitt-leaves-the-dentist-in-a-wheelchair-163.jpg

Како што беше претходно најавено, Бред Пит заедно со Харисон Форд, Хали Бери и Рис Витерспун, ќе биде меѓу водителите на годинешното доделување на „оскарите“, што треба да се оддржи на 25-ти април годинава, па можеби целата оваа процедура опфаќала само избелување на забите, кој би знаел…

brad-pitt-leaves-the-dentist-in-a-wheelchair-164.jpg

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.