Новак Ѓоковиќ ѝ забранил на сопругата да појде со него

Јелена е неутешна

Новак Ѓоковиќ пристигна во Париз на Ролан Гарос подготвен како пушка да ги покори сите противници. За жал, неговата сопруга Јелена не појде со него, иако инсистирала да дојде, но како што пренесува порталот „Свет“, Ноле бил против тоа.

Јелена беше подготвена да дојде со Новак во Париз бидејќи сакаше да биде покрај него по дисквалификацијата на УС Опен. Свесна е дека би му било многу полесно ако некој близок биде покрај него. Меѓутоа, Ноле ѝ кажа дека тоа не доаѓа предвид бидејќи противниците и хејтерите и понатаму го минираат, па притисокот на медиумите и лошите коментари е голем на социјалните мрежи“, објаснува доброинформиран извор за споменатиот портал, и додава:

 

View this post on Instagram

 

Merci beaucoup pour votre soutien continu 🇫🇷❤️ #RolandGarros #nolefam #teamdjokovic #idemooo

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

На Јелена ѝ беше тешко поради тоа, но ја испочитува неговата одлука. Свесна е дека тој го прави тоа од најдобра намера, а не затоа што таа му пречи. Ма, тој знае што прави, стабилен и зрел човек е. По УС Опен се смири и си дојде при себе, ветувајќи си дека на неправдите ќе одговара со успеси и дека никако не смее да подлегне на провокациите. И самиот изјави дека ни на крај памет не му паѓа да ги прикрива емоциите, но дека ќе биде внимателен и дека нема да сидозволи во Париз да го совлада гневот како што беше во Америка пред еден месец кога случајно ја погоди со топчето судијата замавнувајќи со рекетот од нервоза. На Јелена ѝ е јасно сето тоа, но сепак е тажна. Сама е со децата во Марбеља, го следи секој негов натпревар и не се одделува од телефонот“, заклучува изворот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.