Нов скандал го тресе дворот на Монако: Сопругот на оваа принцеза прави хаос каде и да се појави, не престанува да ја понижува!

Принцот Ернст од Хановер

Иако неодамна се дозна за неговата вонбрачна врска со Клаудија Стилианопулос, принцот Ернст од Хановер сè уште е официјално во брак со принцезата Каролина. Склон на инциденти, принцот сега учествувал во нов, поради што бил исфрлен од луксузен хотел на улица

Принцот Ернст од Хановер сè уште е во официјален брак со принцезата Каролина од Монако, со која добил и ќерка Александра, но сето тоа важи само на хартија. Откако се отселил во Шпанија за да биде поблиску до синот Кристијан, кој е оженет со Перуанката Алесандра де Осма, пред неколку месеци било откриено дека Ернст има вонбрачна врска со Клаудија Стилианопулос.

Двојката одамна не се крие, па често може да биде видена во тамошните ресторани или на прошетка низ градот. Сепак, иако живее далеку од дворот во Монако, не се откажува од инцидентите. Напротив, неговиот насилен табиет, по кој одамна стана познат, ни најмалку се нема смирено.

Па така, принцот Ернст од Хановер неодамна учествувал во инцидент во луксузниот хотел Palacio de los Duques Gran Melia во Мадрид. Имено, по кавгата со еден од вработените во хотелот, дошло до физичка пресметка, а со оглед на тоа што тоа не било првиот инцидент што го предизвикал таму, управата на хотелот побарала од него да ги собере сите свои работи и да го напушти хотелот.

Во тој хотел живеел Ернст откако се преселил во Шпанија, а сега го заменил со друг, ништо помалку луксузен хотел во центарот на Мадрид. Инаку, минатото лето, принцот завршил на рехабилитација, обидувајќи се да се ослободи од својата зависност од алкохол, а освен тоа, во декември минатата година, австрискиот суд го осудил на десет месеци условен затвор, но и на забрана за влез во земјата во времетраење од три години.

Токму алкохолот е една од главните причини зошто учествува во инциденти и завршува уапсен.

Најтажната принцеза исплашена: Воопшто нема да се врати во Монако поради ова?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.