Најтажната принцеза исплашена: Воопшто нема да се врати во Монако поради ова?

Принцезата Шарлин од Монако

Принцезата Шарлин од Монако веќе некое време е на лекување во установа во Швајцарија, а сè помалку се знае каква ќе биде нејзината иднина

Здравствената состојба на најтажната принцеза на светот Шарлин од Монако (44) веќе неколку месеци ја загрижува јавноста. Имено, многу брзо откако се вратила во Монако од Јужноафриканската Република, таа била хоспитализирана поради лошата психичка состојба.

Неодамна, за нејзиното здравје проговорил сопругот, принц Алберт од Монако, кој сугерирал дека нејзиното лекување во приватна клиника во Швајцарија напредува.

„Принцезата Шарлин се чувствува многу подобро. Се надевам дека набрзо ќе се врати дома“, рекол принцот.

Како што пишуваат некои медиуми, принцезата конечно спие добро и размислува трезвено, додека некои додаваат дека враќањето во Монако повеќе не е опција за неа. Имено, таа сонува за мирен живот со 7-годишните близнаци, синот Жак и ќерката Габриела, далеку од ѕидините на палатата.

„Сфати дека за неа воопшто не би било добро да се врати во Монако“, открил извор близок на Шарлин.

Наводно, токму една од главните причини за нејзините психички проблеми е животот полн со притисоци во Монако. Ѝ недостасува Јужноафриканската Република, а не е ни тајна дека никогаш не се вклопила целосно во високото моначко друштво.

Мајчинската фигура им ја надоместила нивната тетка, принцезата Каролин, но многумина мислат дека нејзините ставови, сепак, се премногу конзервативни. Токму затоа, принцезата Шарлин се плаши дека нејзините близнаци би можеле да живеат во златен кафез.

Што се случило веднаш по венчавката на принц Алберт и принцезата Шарлин: По утрото денот се познава…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.