Николина Пишек по труењето со јаглероден моноксид објави фотки од болницата: „Нашиот втор роденден, бидејќи уште сме живи“ (ФОТО)

Да се наежиш!

„Нашиот втор роденден. Бидејќи уште сум жива. Како и моето девојче. И ќеркичката на пријателот која тоа попладне беше кај нас. Само поради интуицијата на мојот сопруг го преживеавме труењето со јаглероден моноксид“, ја почнува својата потресна објава на инстаграм профилот водителката Николина Пишек, која во ноќта меѓу саботата и неделата се открула со јаглероден моноксид во својот дом во Загреб.

Имено, Николина, ќеркичката Уна и кучињата на несреќната водителка биле во станот, додека, пак, сопругот Видоје Ристовиќ бил на службен пат во Белград. Поради пукната цевка, која врши довод на гас за греење во станот, во воздухот имало седумпати повисоко количество јаглероден моноксид од дозволеното, установила полицијата која дошла на увид. Николина и Уна завршиле во болница, а како изгледало целото ова траорно исксутво, раскажува Пишек во својата објава:

Уна беше помалку затруена од мене поради разликата во висината, од иста причина и моите кучиња се живи бидејќи дишат на триесетина сантиметри висина. А CO е полесен од воздухот. И прво ќе ги наполни горните делови на вашите станови. Во зависност од кубикажата и брзината со која истекува и од висината на вашите плафони, со тоа темпо ќе ве убие. Тивко. Без алармирачки знаци дека вашите витални ткива токму во тој момент умираат. А тој процес, во моментот кога тивкиот убиец ќе почне да влегува во вашите бели дробови, ќе се врзува за хемоглобинот и ќе се дистрибуира по виталните органи. Клеточна смрт. Една по една изумираат клетките од вашето мозочно ткиво, срцето на кое тајно му се заканува инфаркт, црниот дроб и бубрезите“, објаснува водителката, споделувајќи фотографии од болничкиот кревет.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Пишек напиша дека ништо не ѝ укажувало дека се затруени. Се напила таблета за смирување бидејќи ја болела главата, а срцето силно ѝ чукало.

Потоа ќе си легнете. Последен пат во животот, доколку немате луда среќа каква што имавме ние. Да заспиете и да бидете несвесни за она што следи. Светлата на брзата помош, полицијата, интервентните единици, пожарникарите, плачот и очајот на нашите најблиски, сирената, жолтите и сините одблесоци на ротирачките светла на фасадата како сведоци за трагедијата. Вас веќе ве нема. Крај. Затоа ве молам да го игнорирате моето незнаење и негрижата и сѐ што можете да ми припишете“, напиша Пишек и ги замоли сите да внимаваат и да останат безбедни. Апелираше на законодавните тела да воведат задолжителен детектор на јаглероден моноксид.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.