Никого не го интересира што има Марина да каже: Барбара вели дека бившата на Дарко Лазиќ сè прави од инает и љубомора!

„Ја разбирам нејзината љубомора“

Не поминува многу време од една до друга пикантерија помеѓу Дарко Лазиќ и неговата бивша девојка со која има дете, Марина Гагиќ.

Во врска со оваа сага која трае и трае конечно се огласи и пејачката Барбара Бобак со која Дарко Лазиќ во моментов живее во Нови Сад.

Фото: Инстаграм

Јас ја разбирам нејзината љубомора. Никого не го интересира што има да каже некоја Марина Гагиќ, токму затоа му прави сплетки преку нивното синче Алексеј. Му брани да го гледа во мое присуство и слично. Ја сфаќам девојката бидејќи Дарко е прекрасно суштество да го имате покрај себе, па некоја која го изгубила има право да и е тешко.

Фото: Инстаграм

Бобак додаде и дека не би сакала повеќе да ја коментира бившата на своето момче. Меѓу нив одамна било се завршено. Им останал самo синот да ги врзува. Потенцираше дека ниту и се лути ниту има негативна енергија кон неа, истакна дека комплетно ја разбира.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.