Ручек на денот: Мусаката од бајат леб е однадвор крцкава, а однатре вкусна и мека!

Пробајте!

Нема ништо подобро од тоа кога ќе се направи супер вкусно јадење од ништо

Мусаката од бајат леб се прави многу лесно, а нема да ви остане ништо од лебот што сте планирале да го фрлите. По овој рецепт, сигурни сме дека сè поретко ќе ја приготвувате стандардната мусака со компири.

Состојки:
  • 500 г мелено месо
  • половина бајат леб
  • 4 јајца
  • 100 мл млеко
  • 1 главица кромид
  • 200 г кашкавал
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • масло
  • сол, мелен бибер
Приготвување:

Во тавче со загреано масло се пржи ситно сечканиот кромид. Се додава мелено месо, се посолува и се забиберува. Во намрсен керамички сад се редат парчиња леб.

Преостанатите парчиња се сечат и се редат во садот, така што целото дно на садот треба да биде покриено со леб. Се нанесува смесата од мелено месо, па се реди и преостанатиот леб.

Се кршат јајцата, се додава лажица мешавина од зачини и се мати. Се додава млеко и со оваа смеса се прелеваат парчињата леб.

Топлата мусака се сече на парчиња и се сервира.

Добар апетит!

Рецепт на денот: Мусака со модар патлиџан
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.