„Не сакам да зборувам за Душко, кога ќе заслужи ќе го спомнам“: Јелена Карлеуша откри детали кои ја интригираат јавноста

Шоубизнис

Пејачката отворено проговори за разводот.

Како што можеше да се заклучи од една нејзина објава на Инстаграм, таа и нејзиниот сопруг не поднеле документи за развод, што е главна тема за шпекулациите во медиумите, Јелена Карлеуша отворено одговори:

Не се разведовме. Нека пишуваат што сакаат и кој што сака, исто како порано. Ме погодува исто кога комарецот ќе го касне најдебелиот дел на слонот. Веќе никому ништо нема да му објаснувам“, беше искрена Јелена.

На прашањето дали смета дека претерала кога го објавила соопштението, пејачката јасно одговори:

Не претерав. Треба да се научите на памет. Немам повеќе години за губење. Или-или ми е отсега па натаму. Немам повеќе толеранција. Се изгубив во овие 44 години трпење. Како и да е, нема повеќе да зборувам за Душко. Кога ќе заслужи нешто убаво, ќе го спомнам. Дотогаш прашајте ме за љубовта кон животните“, вели Јелена, која неминовно ги допре своите сакани Атина и Ника и објасни дека дошол период кој е тежок за секој родител:

Наскоро ќе наполнат 13 и 14 години, а периодот никогаш не бил потежок за нив и за мене. Се борам најдобро што знам со две девојчиња во пубертет, кои многу пристојно го поднесуваат притисокот на славата на нивната мајка. Ситуацијата дома е тешка и стресна, славата е најмал проблем. Се борам како лав да ги заштитам и зајакнам“, вели Карлеуша.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.