Фризерот на Џеј Ло откри трик за густа коса: Потребен ви е само еден производ

Нега на коса

Тоа е спреј за покривање на растот и седата коса што го сака стилистот Крис Еплтон и го има скоро во сите аптеки.

Без разлика каква текстура на коса имате, веруваме дека секогаш барате нови трикови кои ќе ви помогнат да постигнете поголем волумен и погуста коса за само неколку секунди. Крис Еплтон, фризерот кој стои зад фризурата на Џенифер Лопез, откри како во својата работа користи професионален спреј за да ја покрие враснатата и седата коса.

Многу лесно се нанесува и го покрива растот за миг, а одличното е што секогаш можете да го носите со себе, со оглед на тоа што го има и во дрогериите, односно не се работи за третман и фризерски салон . Но, освен што го покрива растот и седата коса, се чини дека овој супер производ има уште една функција, за која го користи и самиот Крис Еплтон. Имено, тој го користи спрејот за покривање на растот за да создаде илузија за погуста коса, а сега откри за каков трик се работи.

За почеток, одличната вест е дека методот е изненадувачки брз и едноставен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

Изберете нијанса на спреј што одговара на бојата на вашата коса, поточно со бојата на коренот, а потоа нанесете го спрејот на местата на косата каде што се гледа скалпот, во пределот во близина на разделбата. Ќе создаде илузија за погуста коса, а трикот се прави за само неколку секунди.

Покрај Крис Еплтон, во својата работа го користи и фризерката Џен Аткинс, а редовно го применуваат на клиенти како Џенифер Лопез и сестрите Кардашијан.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.