„Не можев да поверувам“: Меган Маркл им пришла на Срби во Ванкувер и им помогнала да направат совршено селфи

Останале без зборови

Иако членовите на кралското семејство изгледаат резервирано и ладно, тие го докажале спротивното

Меган Маркл и принц Хари за време на својот престој во Ванкувер му помогнале на српскиот пар Асимина Канторовиќ и Илија Павловиќ да се фотографираат пред прекрасен пејзаж, пренесуваат странските медиуми.

Имено, парот многу се мачел да направи добро селфи пред прекрасен пејзаж во еден регионален парк во Ванкувер, а потоа во еден момент, војвотката од Сасекс им пришла и им подала рака.

Меган Маркл и принц Хари таму поминувале време во планинрање а со нив била и Ебигејл Спенсер, актерката со која Меган соработувала во серијата „Suits“. Ебигејл ја толкувала улогата на Скот, додека Меган ја играла Рејчел Зејн.

„Не можев да верувам. Погледнав на страна и го здогледав принц Хари. Гледав лево-десно и се прашував дали ова навистина се случува“, изјавила Асимина за странските медиуми.

Меган ја прашала дали може да им помогне кога видела колку се мачат да направат добра фотографија со помош на селфи-стап.

„Во тој момент, единствено нешто што ми падна на памет да кажам беше: ’толку му е силата на селфи-стапот’, а Меган се насмевна и ми одговори: ’тогаш ќе мора да се потрудиме’, додека Хари дофрли: ’само без притисок’“.

Меган го фотографирала овој среќен пар три пати во паркот Хорт Хил во Ванкувер, а потоа си посакале едни на други среќни празници и се разделиле.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.