Наташа Беквалац за односот со сестрите: Можеби тие се виновни што не е во брак?!

„Многу сум горда на нас три!“

Популарната пејачка проговори за врската со сестрите Кристина и Драгана Беквалац.

Наташа Беквалац во изјава за медиумите откри дека понекогаш се расправаат, што е нормално, но и дека е многу горда на патот по кој тргнале сите три, а горда е и на нивните деца.

Единственото нешто што никогаш не недостасува во нашето семејство е љубовта. Сепак, не сум сигурна колку сум подготвена да го ставам животот на посллужавник, иако, за жал, целосно го изгубив правото на приватност – истакнува Наташа и додава дека е горда на семејството, особено на сестрите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)

Мислам дека секое искуство, вклучувајќи го и детството, придонесува да сме тоа што сме денес. Многу сум горда на патиштата по кои чекориме трите, односот што го имаме и на нашите деца. Мислам дека женската независност е многу важна, на тоа сум особено горда кај нас. Но имаме и несогласувања. Кристина и јас често доаѓаме во конфликт бидејќи работиме заедно, но на крајот се’ е многу смешно. Моите сестри се мојата најголема поддршка и моќ, моите партнери во добро и во лошо. Боже, можеби затоа не сум мажена (се смее) – забележува Беквалчева, на која ѝ е важна поддршката од семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)

Најважна е поддршката од семејството. Не само за мене како самохран родител, туку воопшто ми е потребна нивната поддршка во секоја сфера од мојот живот. Најголемата моќ и љубов во најтешките моменти ја почувствував од моето семејство – заклучува Наташа Беквалац за „Стори“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.