Најпознатата Германка ги воодушеви Балканците: Дома има чаршав што можеше да се најде во секоја куќа во Југославија!

Бабите го чуваат и денес

Хајди Клум на својот инстаграм-профил покажала дека има плетено чаршафче, познато како милје, кое е дел од нејзината декорација во домот

Хајди Клум е една од најуспешните манекенки на сите времиња. И покрај фактот што е на прагот од шестата деценија, таа предизвикува восхит со своето згодно тело и младолико лице.

Меѓутоа, овој пат привлекла големо внимание со интересна објава на Инстаграм. Имено, манекенката на своето инста-стори ставила видео на е кое јасно се гледаат плетките со кои го декорирала ентериерот.

Оваа рачна изработка некогаш беше задолжителен дел од секоја куќа во Југославија, па невозможно е да се замисли мебелот без познатото милје. Нашите баби во слободно време хеклале разни дезени што си ги разменувале меѓу себе.

Исто така, овие рачни изработки биле дел од миразот кој со години се подготвувал за девојките. Меѓутоа, со текот на времето милјенцата биле исфрлени од употреба, па ретко каде можеме да ги видиме.

На некои веб-сајтови сè уште може да се најдат на продажба по цена од 350 до дури 2500 денари.

Дали и вашите баби и мајки плетеле и дали и вие со носталгија се присетувате на овие чаршафчиња?

Врелата фотка од Хајди Клум го запали интернетот: Mанекенката позира во провокативно бело боди, едната града не сакајќи „ѕирна“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.