Тој е целиот со мускули, а таа со целулит: Сопругата на згодниот актер има силна причина зошто изгледа вака!

Погледнете

Марк Валберг ги поминува празничните денови на Барбадос со сопругата Риа и децата

Актерот Марк Валберг е познат по својот строг начин на вежбање и исхрана за да ги сочува мускулите и младоликоста. Од друга страна, неговата сопруга Риа Дарам (44) како да не се грижи за изгледот.

Двојката моментално е на Барбадос, каде што уживаат во сонцето и брановите додека ги користат празниците за да се одморат.

Меѓутоа, иако тие одмораат, папараците неуморно работат. Па така, ги фотографирале Марк и Риа во костими за капење и овие фотографии го обиколија светот. Додека Марк е целиот со мускули, Риа го покажала целулитот.

Некогашната манекенка не им обрнувала внимание на папараците, туку уживала со семејството во сончевиот ден на плажа.

Инаку, двојката има четири деца: Ела (18), Мајкл (16), Брендон (13) и Грејс (12).

„Сè ѝ должам на мојата сопруга. Таа ми помогна да станам човек каков што сум сега. Таа создаде прекрасен живот за мене и нашите деца. Знам дека таа е единствената што ме сака таков каков што сум“, вака Марк раскажува за својата сопруга.

Пријатели блиски на Риа велат дека таа отсекогаш сакала да биде мајка и сопруга, па затоа се посветила на тоа. Но таа и понатаму продолжила напорно да работи и да го развива семејниот бизнис, па таа и Марк се сопственици на синџир на вежбалници, додека Риа дизајнира и облека.

Изгледа дека Риа сфатила дека не е сè во изгледот и секоја чест поради тоа!

За да изгледа олку добро на 51 година, актерот строго се придржува до 1 правило: Многумина мислат дека ОВА не е баш нормално!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.