Најубавиот и најлесниот рецепт за подварок: Сите состојки веќе ги имате дома!

Прсти да излижете

Зимската трпеза не може да се замисли без кисела зелка, а ние ви го откриваме рецептот за највкусниот подварок

Постојат десетици различни рецепти за подварок, но секогаш најдобрите се оние што се наједноставни. Токму таков подварок приготвувале нашите баби – само со додаток масло или маст, бибер, кромид и месо по желба, а рерната завршува половина од работата.

Состојки:
  • 1 средна главица кисела зелка
  • 1 главица кромид
  • бибер во зрно
  • лавров лист
  • зачинска пиперка
  • месо по избор (свинско, пилешко)
Приготвување:

Најпрво испржете го месото исечкано на коцки, извадете го на чинија и во истото масло пржете ја зелката исечкана на ленти. Ситно исечкајте го кромидот, пропржете го маслото каде што се пржело месото, додајте зелка исечкана на тенки ленти и пржете ја околу половина час. Постојано мешајте за да не се залепи на дното.

Потоа, додајте околу половина лажица зачинска пиперка, бибер во зрно, неколку лаврови листа, посолете по вкус и префрлете го јадењето во огноотпорен сад, па печете го околу 2 часа на 180 степени додека зелката омекне.

Покријте го садот со фолија и не мешајте го подварокот за време на печењето.

Од кујната на баба: Највкусниот подварок што некогаш сте го пробале
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.