Најдобриот македонски диџеј рипна во тавче: „Татјана ме освои со добрината која и ја видов во очите и искрената насмевка!“

Падна просидба: „Вистинската љубов постои!“

Марјан Мац- Петровски е еден од нашите најпознати диџеи и омилен лик на македонската јавност, најмногу поради неговиот искрен пристап и отвореност кон луѓето, секако и поради неговата професија која со години беспрекорно ја работи.

Секогаш оптимистичен, секогаш подготвен да помогне и секогаш искрен за она низ што поминува, професионално, но и приватно. Па така сите кои го следат на социјалните мрежи знаат дека веќе неколку месеци тој е среќно заљубен во неговата девојка Татјана Јованова.

Па затоа Мац реши да не губи повеќе време и да почне со Татјана да си го планира заедничкиот живот и иднината. Пред неколку дена тој ја запроси саканата на романтичен начин во Маврово, а радоста како и секогаш ја сподели на социјалните мрежи…еве што напиша…

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.