На врвот на славата бил пронајден гол и мртов во спалната соба: Последните зборови во неговиот дневник се шокантни!

Што пишувало во дневникот на славниот актер?

Хит Леџер имал успешна кариера, голема слава и уште поголем талент, но за жал, завршил трагично

Тешко е да се замисли дека поминале цели 16 години од смртта на славниот актер Хит Леџер, кој постхумно доби „оскар“ за споредна машка улога во филмот „Мрачниот витез“.

Имаше само 29 години кога бил пронајден мртов во својата соба, каде што лежел гол, а покрај него имало пилули и алкохол.

Во собата го пронашле неговата собарка и масерка, кои се обиделе да го оживеат, но неуспешно. Многумина сметаат дека го убила улогата на која толку ревносно ѝ се посветил.

„Се затвораше во хотелска соба и поминуваше со недели таму. Беше опседнат со Џокер“, рекол неговиот татко подоцна.

И самиот Леџер раскажал како се подготвувал за оваа негова последна улога:

„Седев еден месец во хотелска соба во Лондон, се заклучував и пишував дневник, додека експериментирав со гласот – ми беше важно да пронајдам оригинален глас и начин на којшто ќе се смеам. Ѕирнав во реалноста на психопатите, на лицата кои имаат многу мала или никаква свест за своите дела. Тој е апсолутен социопат, кловн, кој е ладнокрвен масовен убиец, а режисерот ми даде комплетна слобода. Тоа беше забавно, бидејќи немаше граници за тоа што можеше Џокер да направи или каже. Тој не се плаши од ништо и за него сè е една голема шега“, изјавил тој само неколку месеца пред смртта.

Токму татко му го нашол тој дневник по неговата смрт, каде што имало белешки, цртежи и фотографии од стрип. На самиот крај од дневникот имало фотографија од Хит Леџер во костимот на Џокер, која била прецртана со маркер, а под неа пишувало „ЗБОГУМ“.

Дали тоа било негов начин да излезе од ликот што толку долго и внимателно го градел, ќе остане непознато.

Познатата актерка починала под мистериозни околности: Никој не сака да ја каже вистината за нејзината смрт! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.