На Констракта ѝ скокна цената на 10.000 евра: Еве колку заработи уметницата од евровизиската песна

Фото: Инстаграм

Ана Ѓуриќ Констракта би можела добро да заработи од песната „In corpore sano“ со која го освои петтото место на годинешната „Евровизија“.

По враќањето од Торино, Констракта одлучи да им се посвети на фестивалските настапи со својата група „Земља грува“. Како што веќе најави, Ана договорила да настапи на неколку фестивали и покрај тоа што форсира необичен музички правец.

Констракта се стекна со симпатии и популарност, како во Србија и регионот, така и во светот. Нејзиниот хит „In corpore sano“ за кратко време стана планетарно популарен, па заврши на глобалната вирална листа на Spotify, каде што го зазеде 23-то место, што досега му нема успеано на ниту еден уметник од регионот.

Затоа, цената на нејзините настапи и концерти повеќе нема да биде како порано…

Констракта ќе биде популарна во првиот налет, уште еден месец или два. За да опстане таа популарност, потребна е сериозна работа во наредните месеци. Таа е изведувачка што нема што да бара во клубовите, бидејќи нејзината песна е финта, трик… Ваквите песни не се за широките народни маси. Констракта е повеќе за некој фестивал. Можеби сега, по Евровизија, ќе може да заработува од 1.500 до 3.000 евра по настап, и тоа во најдобар случај“, вели естрадниот менаџер Саша Мирковиќ, и додава:

Што се однесува до заработката од прегледите на Јутјуб и на стриминг-платформите, таа, со оглед на тоа што нема многу прегледи налето, од евровизиската песна во овој квартал може да заработи околу 30.000 евра, најмногу до 60.000 евра“ – смета Мирковиќ, а за разлика од него, неговиот колега Саша Ѓуриќ тврди дека постои можност Констракта да заработува и до 10.000 евра од концерт.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.