Мрачна тајна исплива на виделина: Енрике Иглесијас со години не зборува со татко си, се откажал од наследството, а еве колку пари му припаѓаат нему

Шоубизнис

Во семејството на Хулио Иглесијас нема хармонија. Познатиот пејач е во многу лоши односи со својот син Енрике Иглесијас, кој покрај него и тој се занимава многу успешно со пеење.

Хулио и Енрике Иглесијас не се слушнале еден со друг со години, меѓу нив постои тешко ривалство, а има и конкуренција меѓу нивните уметнички компании.

„Неговиот однос со татко му никогаш не бил најдобар, поминале години без двајцата да разговараат, дури ни на телефон. Енрике мисли дека кариерата ја направил без негова помош”, рекол извор близок до пејачот.

Како резултат на таквиот однос, Енрике Иглесијас се откажа од наследството што би му припаднало како едно од осумте деца на славниот Хулио. Бидејќи тоа богатство се проценува на 800 милиони евра, на познатиот пејач би му припаднала осмина, односно 100 милиони евра.

„Ел Национал“ пишува дека Енрике се стекнал со големо богатство заедно со сопругата, поранешната тенисерка Ана Курникова, најмногу во странство.

А Хуилио Иглесијас заработи милиони не само со пуштање музика, туку и со бројни инвестиции во Доминиканската Република. Поседува и вили во Мајами, остров на Бахамите, куќа на Марбела, приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд на алкохолни пијалоци, винарска визба, ресторани, автомобили, акции во козметички компании.

Покрај синот Енрике, Хулио Иглесијас имал уште еден син и ќерка со поранешната сопруга Изабел Преизер, а со сегашната сопруга има пет деца.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.