„МОЗОКОТ МУ РАСПАЃАШЕ! Вдовицата на Робин Вилијамс ја откри вистинската причина за самоубиството на легендарниот комичар

Познатиот актер си пресуди во август 2014 година, а во тоа време многу се пишуваше за причините за ваквото заминување на познатиот комичар. Многумина веруваа дека тоа го направил поради депресија или алкохол, но вистината е сосема поинаква и многу болна.

Светот се обедини по неговата смрт во мислењето дека тој е еден од најбрилијантните умови на модерната сцена. Комичарите се согласија дека никој на сцената не смислувал пооригинални шеги побрзо. Оние кои снимале филмови со него велат дека никогаш не ја повторувал истата сцена двапати – при секое снимање додавал нешто ново, што дополнително би ја збогатило сцената и би ја направило смешна. Вилијамс беше свесен за ова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robin Williams (@robinwilliams)

Во 2018 година Марина Зеновиќ сними документарен филм за него со наслов „Come inside my mind“. На прашањето дали има некакви стравови, Вилијамс одговори:

Да, се плашам дека ќе ми отапи сечилото. Дека повеќе нема да можам да заискрам.

Неговите стравови се остварија бидејќи аутопсијата откри дека Вилијамс всушност боледувал од Леви деменција, вид деменција што го менува начинот на размислување, движење, однесување и целокупното расположение. Деменцијата Левибади (ЛБД) е всушност спектар на болести што ја вклучува Паркинсоновата болест. Сè уште не е позната причината за болеста на актерот. Ова го сведочи Сузан Шнајдер Вилијамс, вдовицата на Робин Вилијамс, во интервју за Гардијан.

Докторите разговараа со мене по обдукцијата и ме прашаа дали сум изненадена кога дознав дека Робин ги има овие леви тела во целиот мозок и ‘рбетниот мозок. Не ни знаев дека тие тела се таму. Сепак, ми даде објаснување за неговото однесување. Очигледно, некои туѓи тела му се инфилтрирале во мозокот. Имаше смисла – вели таа.

Сузан Шнајдер Вилијамс сега е во мисија да ги расчисти сите заблуди за смртта на Робин Вилијамс и да ја прошири свеста за оваа ретка болест на мозокот. Еден од начините на нејзината борба е филмот „Желбата на Робин“, приказна за последните денови на славниот актер.

Робин и јас сакавме да одиме во музеи. Тој беше луд по историјата, како и јас по уметноста. Луѓето претпоставуваа дека тој секогаш глуми судска будала, дека е ист како што е на сцената. Никогаш не би се омажила за таков човек. Тој беше еден човек на сцената, но дома беше тивок, постојано размислуваше, интелектуалец. Комедијата, стенд ап и глумата беа негово дело, а не личност – вели неговата вдовица.

Двајцата се запознале во 2007 година, во продавница.

Го видов во продавницата и помислив „Гледај, Робин Вилијамс“. Додека заминував, тој ми се насмевна и нешто ме натера да му пријдам. Носеше маскирна облека, па го прашав како му оди со камуфлажата.

Не многу добро, се гледа дека ме најдовте, одговори тој, вели Сузан, а четири години подоцна се венчаа. Само две години подоцна се појавија првите симптоми на болеста на Робин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.