„Многу ја сакам“: Андријана Петрушовска во скут кај Цеца Ражнатовиќ (ФОТО)

Поддршката на Цеца многу ѝ значеше на нашата Андријана...

Во саботата се одржа големото финале на популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

Во финалето, односно во 16-те најдобри, се натпреваруваше и нашата претставничка Андријана Петрушовска, која без двоумење ќе кажеме дека беше една од најистакнатите натпреварувачи во оваа сезона.

Нејзин ментор беше познатиот Ѓорѓе Давид, но Андријана им стана миленичка и на преостанатите членови на жири-комисијата, а особено на Цеца Ражнатовиќ, од која имаше константна поддршка.

Доказ за тоа е и фотографијата што Андријана вчера ја објави на својот профил на Инстаграм, на која се гледа нејзината блискост со музичката ѕвезда…

Инаку, Андријана периодов ќе остане уште неколку дена во Белград, а потоа започнува со летната турнеја, во рамките на која има закажано настапи во Македонија, Србија и Црна Гора…

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.